Хан в петок во Македонија

0
360

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и дефинитивно ќе ја посети Република Македонија в петок.

Ова денеска за МИА го потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Според неа, тој во Скопје ќе разговара со сите засегнати страни околу спроведувањето на политичкиот договор од 2 јуни/15 јули.

Доаѓањето на Хан в петок, се очекува да се поклопи со изборот на техничка Влада со нов привремен премиер, чија задача ќе биде спроведување на изборите на 24 април оваа година, каико што е предвидено со Договорот од Пржино.