Хан в понеделник доаѓа во Скопје

0
258

Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, в понеделник ќе допатува во Скопје за да ги одблокира преговорите за имплементирање на политичкиот договор од Пржино, јавува МИА.

Како што неговата портпаролка Маја Коцијанчич потврди, Европската комисија одблиску го следи развојот на настаните во Македонија и бара четирите политички партии да се држат до распоредот во спроведувањето на точките од договорот.
– Можам да потврдам дека комесарот Хан, идната недела, поточно в понеделник ќе отпатува за Скопје за да се сретне со сите засегнати страни. Брисел ја следи ситуацијата одблиску и уште еднаш ќе повториме дека Европската комисија очекува партиите да се држат до распоредот во имплементирањето на точките од договорот од 2 јуни и15 јули, истакна Коцијанчич.