Хан во Белград на разговори со Вучиќ

0
175

Комесарот за преговори за проширување на ЕУ Јоханес Хан на денешните разговори во Белград со српски официјални претставници, како што е најавено од мисијата на Унијата во Белград, ќе ја пренесе приврзаноста на ЕУ на евроинтегративниот просец на Србија и на спроведувањето на неопходните реформи. „Посетата на Хан на Белград е да ја потврди европската перспектива на Србија и на Западен Балкан“, се додава во соопштението.