Хан во посета на Прифатниот центар за бегалци во Гевгелија

0
309

Еврокомесарот за проширување и соседска политика својот престој во Македонија ќе го искористи за да го посети и Прифатниот центар за бегалци во Гевгелија.  Хан во Гевгелија ќе го придружуваат и евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, министерот за внатрешни работи Митко Чавков и директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Савовски.

Хан во своето вчерашно обраќање се осврна и на бегалците, обвинувајќи ја Европската унија бидејќи не си ја завршија својата работа.

„Бегалците не треба да заглавуваат во вашата земја и во Србија. Земјите од регионот не треба да станат паркинг места. Ние Европјаните треба да работиме заедно, солидарно со САД, земјите од Заливот и Русија на политичко решение. Тоа е коренот на проблемот“, рече Хан.

Поради зголемениот број на бегалци, Македонија вчера го продолжи рокот продолжување на кризната состојба на границите до 15 јуни 2016 година. На ова се согласија 82 пратениците 82 во Собранието, откако војниците од АРМ во последниот период се повеќе се присутни на јужната и северна граница.

 Според информациите со кои располага Министерството за внатрешни работи, преку територијата на Македонија од почетокот на годинава транзитирале 300.000 мигранти, а откако е прогласена кризна состојба се регистрирани 35.630 странски државјани, но вистинскиот број се смета дека е многу поголем.