Хан во Скопје

0
195

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска доаѓа во Скопје на средби со лидерите на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, специјалната јавна обвинителка и со претставници на невладиниот сектор.

Главна цел на посетата како што се наведува е да се запознае со развојот на политичката состојба и да разговара за напредокот, главно во однос на организацијата на предвремените избори во декември и за имплементацијата на Итните реформски приоритети, кои ЕУ ги смета за клучни.

– Ја очекувам посетата на Скопје. Договорот постигнат минатото лето од страна на сите политички партии за одредувањето на датум за избори во декември е добар чекор. Сепак, ова е само почеток: важно е да бидат исполнети условите за кредибилни избори на кои сите граѓани слободно ќе учествуваат. Ќе се сретнам со лидерите на главните политички актери, вклучувајќи ја и специјалната јавна обвинителка и претставници на разговори за тоа како да се забрза спроведувањето на итните реформи за владеење на правото. Сето ова е од круцијално значење  за земјата да направи одржлив развој на нејзиниот пат кон ЕУ. Исто така очекувам да слушнам од спацијалната обвинителка за нејзината работа и за предизвиците со кои се соочува, изјави вчера Хан пред посетата.