Ханес Свобода: ЕУ мора да биде строга во барањата за фер и слободни избори во Македонија

0
340

Европската Комисија реагираше предоцна и премалку на развојот на настаните во Македонија и тоа е причината за повторно и повторно сериозно кршење на основните парламентарни и медиумски права, оценува австрискиот европратеник Ханес Свобода во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс“, посветено на социјалдемократијата во земјите од Западен Балкан.

На прашањето за слободата на медиумите и податокот дека Македонија е најслабо рангирана кандидатка за членство во ЕУ според Индексот на слобода на медиумите,

Свобода вели дека слободата на медиумите е само еден елемент на влошената состојба во земјата.

„Мислам дека слободата на медиумите како таква е витален елемент на демократијата и мора да се почитува во целата Европска Унија. Тоа е основа за сите барања за земјите кои имаат аспирации да се приклучат кон ЕУ. Слободата на медиумите е само еден елемент на влошената ситуација во Македонија “, изјави Свобода.

Австрискиот европратеник во интервјуто зборува и за политичката криза и на прашањето кои чекори треба да се преземат за решавање на кризата тој порачува дека ЕУ мора да биде строга во своите барања за слободни и фер избори.

„Ова значи дека не само Европската Комисија, туку и сите земји членки мора да ги почитуваат и активно да ги поддржуваат овие барања упатени до македонските политички сили, особено до актуелната влада и претседателот. Од друга страна, Грција треба да биде многу повеќе од помош во подавањето рака кон Македонија во спорот за“, додава Свобода.