Хаос и судири со полицијата на денот на референдумот во Каталонија

0
263

Гласачките места низ Каталонија беа отворени за гласање за независност на тој шпански регион. Шпанската полиција на секаков начин се обидува да спречи одржување на референдумот. На некои места, како што пренесуваат медиумите, полицијата се обидува да спречи илјадници луѓе да гласаат, при што има уапсени неколку лица. Полицијата запленила кутии и гласачки ливчиња на гласачките места.

Полицијата ги спречува граѓаните да се доближат до местата за гласање и одземаат материјали подготвени за гласање.

Во Џирона, полицијата насилно влезе во гласачко место каде требаше да гласа лидерот на Каталонија.

Во заштитата на правото на глас, учествува и цивилното население кое со трактори и автомобили ги штитат гласачките места од полицијата.

Без коментари