Хаос на бугарско-грчката граница, се апсат цариници

0
1178

Километарска колона од возила на најголемиот граничен премин меѓу Бугарија и Грција, Кулата, поради апсење на речиси цела смена бугарски цариници.Полицијата синоќа во рамки на антикорупциска акција уапси 23 лица, меѓу кои најголем број се цариници, објави агенцијата Макфакс.

Портпаролката на бугарското обвинителство, Румена Арнаудова, изјавила дека организираната криминална група работела од март 2005 година.

Освен цариници, групата ја сочинуваат и претставници на транспортни компании, кои давале мито за да ги пуштат нивните камиони без контрола преку граница.