Хаос на митинг на Трамп

0
433

Предизборниот митинг на американскиот милијардер и потенцијален републикански претседателски кандидат Доналд Трамп во Вирџинија бил постојано прекинуван од демонстрантите.

Меѓу демонстрантите биле и членови на движењето за црнечките права, кои биле исфрлени од митингот, а фотографот на списанието Тајм, кој се обидел да го слика тоа, бил зграпчен за врат и соборен од дел од американските безбедносни служби.

Демонстрантите, меѓу кои имало и членови на движењето „Животите на црнците се важни“, го попречувале митингот на денот кога милијардерот од Њујорк се бранеше од критиките дека во интервју за американската телевизиска мрежа Си-ен-ен не ја осудил јасно поддршката на Кју клакс клан.

Трамп на демонстрантите им одговорил прашувајќи еден од нив, „Дали си од Мексико?“, а откако во неколку наврати го прекинале митингот, Трамп им наредил на обезбедувачите ги отстранат. Поддржувачите на Трамп во публиката луто им се спротивставиле на демонстрантите.