Хаос на српско-хрватската граница

0
306

Група мигранти од Авганистан и Пакистан  во близина на Шид се обиделе да ја пробијат полициската барикада и преку полињата да влезат во Хрватска, но полицијата ги вратила на локацијата оддалечена околу 300 метри од границата.

„Мигрантите биле во тампон-зоната помеѓу двете држави, но полицијата ги вратила назад и сега се на простор оддалечен околу 200 до 300 метри од границата“, изјавил портпаролот на Комесаријатот за бегалци и миграција во Србија, Иван Мишковиќ, пренесува српски „Блиц“.

Како што јавува „Јутарњи лист“, откако мигрантите ја пробиле полициската барикада и преку полињата се обиделе да влезат во Хрватска, таму ги дочекале полицајци кои се рашириле во кордон и не им дозволиле влез во земјата.

Откако речиси половина час безуспешно се обидувале да влезат во Хрватска, мигрантите сега се враќаат од „ничија земја“ кон патот пред граничниот премин Шид, наведува весникот. На хрватската страна имало и десетина полициски марици.

Без коментари

LEAVE A REPLY