Хаос на железничката во Будимпешта

0
544

Мигрантите кои денеска со воз се упатија од Будимпешта кон австриската граница, биле застанати во Бичке, а таму од нив било побарано да се упатат кон прифатен центар.

Тие во знак на протест легнувале на пругата и се обидувале да избегаат од полицијата која почнала да ги брка.

Полицијата со полна борбена опрема им наредила на бегалците да се повлечат иако многумина пружале отпор.

Најдраматична била сцената кога младиот маж го земал детето и седнал во знак на протест, а кон него се втурнале десетина полицајци кои се обиделе да го тргнат.