Хаос низ Франција – солзавци и шок бомби, неколкумина повредени

0
335

Десетици илјади луѓе  излегоа на улиците во многу француски градови во серија протести против реформите за работење, а дошло и до конфликт помеѓу полицијата и демонтрантите во кои повеќе луѓе се повредени.

До конфликт дошло во Париз, Нант и Рен, јавува АФП.

Демонстрантите сметаат дека реформите за работа кои ќе им олеснат на компаниите да можат да ги отпуштаат вработените ги вгрозува работничките права и затоа излегоа на протести ширум земјата.

Од Париз преку Лил во северна Франција, па се до Стразбур и Тулуз во 200 градови се организирани протести, наведува АФП.

Во Рен полицијата употребила солзавец и шок бомби против демонтрантите, при што повредени се тројца припадници на безбедносните сили, а според сеуште непотврдени информации повредени се и 19 демонтранти.