Хаос во Атина – Со домати и камења врз полицијата

0
388

Повеќе илјади грччки земјоделци вчегоа во конфликт со полицијата пред зградата на Министерството за земјоделство во Атина поради реформите на пензискиот систем и зголемувањето на даноците, пишува Б92.

Земјоделсците што со траект пристигнале од островот Крит, фрлале домати и камења и влегле во конфликт со полицијата пред зградата на министерството.

По обидите на земјоделците „симболично“ да го окупираат министерството полицијата употребила солзавец за да ја растера масата демонстранти.

Претставниците на земјоделците почнаа дводневен штрајк и бараат од властите во Атина да отстапат од најавените реформи на пензискиот систем.