Хаос во Атина

0
541

Грчката полиција употреби денес солзавец за да ги разбрка демонстрантите кои се противат на мерките за штедење, а кои фрлале молотови коктели врз полицајците во центарот на Атина.

Од протестниот марш се издвоила група млади луѓе кои фрлале „запаливи предмети“ врз полицијата која возвратила со солзавец и водени топови, пренесува Раша тудеј.

Околу 25.000 луѓе се очекуваат денес на улиците на Атина во три посебни протести. Околу 10.000 луѓе се собрале на демонстрациите во Солун.

Илјадници луѓе учествуваат денес во протестите против мерките за штедење, наметнати од ЕУ и ММФ, во првиот национален штрајк на синдикатите од јавниот и приватниот сектор откако е на власт левичарскиот премиер Алексис Ципрас.

Без коментари

LEAVE A REPLY