Хаос во Бразил по смената на Дилма Русеф

0
444

Група демонстранти, незадоволни од смената на претседателката Дилма Русеф, скршија излози на неколку банки, деловни згради и оштетија еден полициски џип во Сао Паоло.

Полицијата се обидела со шок-бомби и со солзавец да ги смири демонстрациите кои почнале во една од главните градски улици.

Протестот прерасна во насилство непосредно откако новиот претседател Мишел Темер ѝ се обрати на нацијата. Сè уште не е познато дали некој е повреден во судирите. Во еден момент, група маскирани демонстранти почнала со камења да гаѓа полициски џип, кршејќи ги прозорците на возилото и на уште неколку објекти, а потоа се обиделе да го превртат.