Хаос во Москва – евакуирани 10.000 луѓе

0
419

Повеќе од 10.000 луѓе денеска се евакуирани од продавници и маркети во Москва поради закана за бомба.

Евакуиран бил „ГУМ“, како и Трговскиот центар „Гаргарински“ кој се наоѓа недалеку од фреквентната метро станица „Ленински проспект“, пренесува руски „Спутник“. Извор од руската служба за итни интервенции соопштил дека биле евакуирани уште неколку трговски центри во Москва.

Полицијата добила и дојава за бомба во зданието на комплексот на администрацијата на претседателот на Русија која што е сместена во центарот на Москва.

Подоцна било утврдено дека станува збор за лажна пријава.

Идентификуван е и пронајден човекот кој се јавил и се заканувал. Се покажало дека станува збор за граѓанин со психијатриска дијагноза на шизофренија.