Хаос во Приштина, Курти ослободен!

0
401

Судири помеѓу демонстрантите и полиција избувнала вчера вечерта во Косово по апсењето на истакнат опозициски политичар кој стои зад кампањата против склучувањето на важен договор со Србија, пренесуваат локалните косовски медиуми.

Облаци од солзавец го исполнија централниот дел на Приштина. Полицијата успеа да ги растера стотиците демонстранти, кои фрлаа со камења и ја демолираа централната полициска станица со барањето да биде ослободен Албин Курти – пратеник и основач на опозициската партија „Самоопределување“.

Репортер на „Ројтерс“ раскажува дека неколку државни автомобили биле запалени.

Подоцна Курти беше ослободен. Неговиот притвор е поради инцидентот минатата недела, кога пратеникот фрли димни бомби во парламентот и тоа ја наметна неговата евакуација. Активностите на Курти се во знак на протест против договор кој дава повеќе овластувања на српското малцинство во Косово.

Косово прогласи независност од Србија во 2008 година, речиси 10 години по воздушните напади на НАТО во 1999 година против режимот на Слободан Милошевиќ.

Според опозицијата во Приштина договорот, поддржан од ЕУ, е закана за тешко извојувана независност на земјата.