Хаосот во Гевгелија актуелен во странските медиуми

0
583

Туркајќи се еден со друг, не бирајќи начин како ќе влезат, стотици мигранти очајнички се обидуваат да се качат на возот од Гевгелија до Белград, а целта е што побрзо да се стигне до Србија, последната земја која стои помеѓу нив и Европската Унија, Унгарија. Брзаат да стигнат додека Унгарија не ја подигнала оградата чија намена е да ги одврати мигрантите. Ова е веста, сликата која овие два дена ја пренесуваат сите медиуми, тепачките, турканиците, очајот во очите, желбата за подобар живот на мигрантите, хаосот и драмата која се случува на железничката станица во Гевгелија.

Странските медиуми пишуваат дека македонските власти даваат 3-дневна транзит виза, па затоа мигрантите не можат да останат блокирани во земјата.

Српските медиуми пак пишуваат дека затворањето на границата со Унгарија и неможноста за реадмисија со Македонија, ќе го зголеми бројот на бегалци кои ќе бараат азил во Србија, а тоа пак ќе ја наметнело потребата од изградба на кампови за азиланти во Србија. Белградски „Данас“ пишува дека организацијата на Обединетите нации за бегалци Македонија ќе ја прогласи за несигурна држава, а Србија нема да може да го спроведе договорот за реадмисија.

Тоа ќе ја доведе Србија да биде приморана да ги згрижи мигрантите и азилантите кои преку Грција и Македонија влегуваат во Србија.

Хрватски „Јутарњи“ ја пренесува изјавата на гевгелискиот градоначалник кој предупреди дека ако Унгарија ја затвори границата, тоа ќе треба да го направат Македонија и Србија, бидејќи немаат друго решение. Според него Европската Унија треба посериозно да му пристапи на проблематиката и да не ги сотави Македонија и Србија сами да се справуваат со овој проблем.

„Ројтерс“ пак пренесувајќи го хаосот од Гевгелија, пишува и дека редот го одржуваат неколку полицајци и еден Курд со мотика в раце.

Без коментари

LEAVE A REPLY