Харадинај на Албанците од југот на Србија им вети косовски пасоши и државјанства

0
204

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај им вети на Албанците од југот на Србиј дека наскоро ќе може да добијат државјанство и пасоши на Косово, објави прешевската агенција на албански јазик Прешева јоне.

Истата информација ја објави пред неколку дена во статус на својот фејсбук профил Наим Рамизи, еден од учесниците на средбата на Харадинај со претставниците на АЛбанците во Прешево и Бујановац.

За средбата во Приштина не е издадено официјално соопштение, пренесуваат српските медиуми.

link

 

Без коментари