Харден шоу во Тексас

0
214

Хјустон славеше над Голден Стејт со 128:115 и ја забележа првата победа во финалната серија во Западната конференција. Голден Стејт има предност од 3-1, а наредниот натпревар ќе го игра на домашен терен.

По три порази во финалната серија, екипата на Хјустон успеа да слави и да ги задржи шансите за пласман во големото финале. Традицијата е против Хјустон бидејќи ниту еден тим во историјата на НБА лигата не успеал да слави кога губел со 3-0.

Најдобриот играч на Хјустон, во клучниот меч ја презеде одговорноста и со 45 поени, девет скока и пет асистенции го предводеше тимот до победата.

Хјустон во првата четвртина го декласираше противникот со 45:22, а во понатамошниот дел од мечот иако успеваше да се доближи на едноцифрена негатива Голден Стејт немаше сили за целосен пресврт.

Покрај Харден кај Хјустон се истакнаа Џош Смит со 20, Тревор Ариза со 17 и Двајт Хауард со 14 поени и 12 скокови.

Голден Стејт го предводеше Клеј Томпсон со 24 поени, поен помалку постигна Стеф Кари, а Дрејмонд Грин имаше учинок од 21 поен и 15 скокови.