„Хари Потер“ уште носи пари- столче продадено за 394.000 долари

0
458

Скромното дрвено столче на кој седела Џоан К. Роулинг додека ги пишувала првите томови од серијалот бестселери за Хари Потер, продаден е за 394.000 во средата на надавање во Њујорк.

Непознат купувач платил на аукцијата во њујоршкиот хотел „Waldorf Astoria“ осум пати повеќе од процената која претходно беше објавена.

Станува збор за една од четирите различни столици кои Роулинг ги добила во 1995 година за нејзиниот стан кога била млада самохрана мајка во Единбург во Шкотска. На него седела кога работела на романите „Хари Потер и Каменот на мудреците“ објавен во Велика Британија во 1997 година, и „Хари Потер и Одајата на тајните“ од 1998 година, првите два од седумте томови од оваа волшебна сага.