Харпер: Додека Путин е на власт, нема враќање на Русија во Г7

0
241

Канадскиот премиер Стивен Харпер рече во четврток дека на Русија не треба да и се дозволи враќање во Г7 додека Владимир Путин е претседател на таа земја, јавува CBC News.

Харпер изјавата ја даде во пресрет на патувањето во Украина и состанокот на Г7 во Германија оваа недела.

И пред кризата во Украина, Харпер рече дека Русија ги нарушила основите за припаѓање кон групата на богати земји.

„Мислам дека Русија под власт на Владимир Путин не припаѓа во Г7 и тоа е конечно“, рече Харпер.