Харвард повторно е најдобар универзитет во светот, Македонија надвор од топ 500

0
466

Универзитетот Харвард останува број 1 во светот за 14-та последователна година, покажува денеска објавеното Академско рангирање на светските универзитети (ARWU) за 2016 година .

Рангирањето се подготвува од Институтот за високо образование на Шангајскиот универзитет “Џио Тонг” .Целосната листа е достапна овде.

Тоа е првиот објавен глобален универзитетски ранг и е еден од највлијателните во светот. Ги претставува 500-те најдобри високи училишта-универзитети.

На листата нема ниту еден од Македонија. Универзитетите во Топ 10 остануваат исти како и минатата година, но има промени во нивните ставови.

На пример Беркли се искачува од 4-то на 3-то место, а Оксфорд – од 10-то на 7-то. Првите 18 места го заземаат само американски и британски универзитети.

Нај рангиран универзитет од континентална Европа е швајцарскиот Федерален институт за технологија, Цирих (ETH Zurich) -на 19-то место.

Вториот најдобар европски универзитет (надвор од Велика Британија) е Универзитетот во Копенхаген. Најстарото данско високо училиште ја зазема 31-тата позиција во рангирањето.

Азија се претставува различно во овогодинешното рангирање – универзитети од Кина и Сингапур се пробиваат во Топ 100 за прв пат. Меѓународниот универзитет (Пекинг, Кина) ја зазема 58-тата позиција, а Националниот универзитет на Сингапур – 83-тата. Токискиот универзитет (Јапонија) се враќа во Топ 20. Вкупно 9 универзитети се пробиваат во Топ 100 во 2016 година .

Меѓу нив се уште Пекингскиот универзитет, австралискиот „Monash University“, медицинскиот во Рочестер, Минесота „Mayo Medical School“. Вкупно 27 универзитети стојат во Топ 500 за прв пат.

Од регионот највисоко котира Универзитетот во Белград кој според најновото рангирање се пласира помеѓу 201 и 300 место.

Следуваат уште и Универзитетот во Љубљана кој се наоѓа помеѓу 401 и 500 место, исто како и Загрепскиот универзитет. Македонија не е на оваа листа, како ни Бугарија, и Црна Гора.