Хатиџе од „Сулејман Величествениот“ на Манаки во Битола

0
615

Хатиџе Аслан е родена во 1962 година, во градот Сивас, во Турција. Во 1983 година дипломира на Државниот конзерваториум на Анкарскиот универзитет. Во 1986 година станува „професионалец“(турска титула за некој со повисоко образование во фелата) во Државниот театар во Измир. Веднаш потоа преминува на Државниот универзитет во Анкара. Во тој период во Анкара се снимаат доста серии каде Аслан се појавува. Потоа заминува на Истанбулскиот државен универзитет, а игра и во сериите: „Хурем Султан“, „К’нали кар“ и „Последните татковци“.
Исто така, играла и во театарски претстави, и тоа во: „Бесмртни“, „Малечок човеку, што ти се случи?“, “Инспектор“ и други.

12032438_10206782276170786_249157123_n
Во долгометражниот филм, во режија на Нури Билге Џејлан, со наслов „Три мајмуни“ ја играше главната женска улога, Хаџер. Со оваа улога на 7. Меѓународен филмски фестивал River Run ја доби Наградата за најдобра актерка. Од Турската асоцијација на филмски критичари-СИЈАД, исто така, ја доби наградата за Најдобра женска улога во „Три мајмуни“. Награда за најдобра женска улога добива и на Филмскиот фестивал Алтин коза/Golden boll, со улогата на Лејла, во филмот „Тело“, во режија на Мустафа Нури.

11998519_10206782275890779_1676117732_n

Таа е член на жири комисијата на програмата Нов европски филм.