ХДЗ победи на изборите во Хрватска

0
1605
01.10.2015., Zagreb - U Kongresnoj dvorani Zagrebackog velesajma Hrvatska demokratska zajednica predstavila je svoj izborni program "Gospodarski rast, odrzivi razvoj i zaposljavanje: 5+ Hrvatska". Govor Tomislava Karamarka. Photo: Robert Anic/PIXSELL

ХДЗ е победник на денешните парламентарни избори во Хрватска со освоени 63 места во парламентот, се први официјални,но непотполни резултати на Државната изборна комисија.

Коалицијата на ХДЗ е во предност над коалицијата на СПД, на која и припаднаа 54 мандати.

Во Хрватскиот сабор уште треба да влезат МОСТ со 16, ИДС со 5, ХДС СБ и Милан Бандиќ со по 2 пратеници и Жив ѕид со 1 мандат.

ХДЗ уште ќе ги додаде и трите мандати од дијаспората.

На осмите парламентарни избори во Хрватска се бираа 151 пратеник, 140 во десет изборни единици во Хрватска, три во дијаспората, а осум се припадници на националните малцинства.

На изборите излегоа 61,12 проценти од гласачите.