Хендерсон повреден, ја заврши сезоната пред време

0
302

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, ја заврши сезоната откако на мечот со Борусија, во Лига Европа, ги повредил лигаментите на коленото.

Хендерсон се повреди во финишот на првото полувреме, а деталните прегледи покажале дека тој го оштетил бочниот колатерален лигамент на коленото.

Ваквите повреди бараат мирување од најмалку три месеца, што значи дека под знак прашалник е неговиот настап на Европското првенство.