Хепар центарот потписник на Декларација

0
844

Со цел приоритизирање на ракот во Р.Македонија, креирање на нови здравствени политики и воведување на национална стратегија за контрола на ракот Хепар центарот од Битола потпиша декларација за прогласување на година на ракот во Р.Македонија . Декларацијата на Алијансата на пациентски организации ја нагласува итноста од разрешување на проблемот со растечкиот број на заболени од рак и континуираното зголемување на смртноста во државава

-Со оваа Декларација основната цел која што сакаме да ја постигнеме е да се намали стигмата на митот за ракот како неизлечлива болест. Ќе се овозможи намалување на прераната смрт од рак во Р.Македонија, подобрување на квалитетот на живот на болните од рак во државава и зголемување на стапката на преживување од рак во Македонија, изјави Милан Мишковиќ, Хепар центар Битола

Во моментот нашата држава е на второ место во југоисточна Европа по стапката на смртност од рак, вели Мисковиќ и додава дека ракот не не бира по вера, години, пол, политичка партија , сите сме засегнати од овај проблем. Токму со оваа декларацвија може да се влијае промените да започнат. Декларацијата секој граѓанин може да се потпише и он лајн

Статистиката вели дека во последните 12 години во Македонија стапката на смртност од рак е зголемена за 9 %, а бројот на новозаболени е во постојан пораст паралелно со зголемување на смртноста .

Смртноста во 2008 година брои 2788, а во 2012 таа бројка изнесува 4625 починати од рак(последен податок). Во 2012 бројот на ново заболени од сите видови на рак изнесува 7330 . Трите најчести видови на рак се рак на белите дробови , рак на дојка и рак на дебело црево

Во моментот во Женаева е Асемблеата на членовите на светската здравстевна организацинја кој ќе ја гласаат првата глобална стратегија за борба и елиминација на Хепатитот . Месковоќ вели дека биле во интезивни преговори со институците да се воведи новата иновативна терапија која во комбинација со старата би придонесла зголемување на излечивоста на пациентите во зависност од степенот на оштетување и прогресија на болеста Хепатит .