Херера удри новинар и заработи отказ од Мексичката федерација

0
302

Селекторот на фудбалската репрезентација на Мексико Мигел Херера два дена по освојувањето на Голд Купот доби отказ од националната федерација. Мексиканската фудбалска федерација реши да ја прекине соработката со темпераментниот стратег поради инцидентот кој Ерера го предизвика на аеродромот во Филаделфија. Имено селекторот, незадоволен од критиките на ТВ коментаторот Кристијан Мартиноли се обидел физички да се пресметан со него.