’Хет-трик’ на Гереро за полуфинале

0
137

Фудбалската репрезентација на Перу избори пласман во полуфиналето на Копа Америка по четвртфиналниот триумф над Боливија (3:1). Апсолутен херој на мечот е Паоло Гереро кој ги постигна сите три гола за Перу, додека Морено беше стрелец на почесниот гол за Боливија.

Перу практично мечот го реши во првата половина од првото полувреме кога Гереро постигна два гола, во 20. и 23.минута. ’Хет-трикот’ напаѓачот на Фламенго го комплетираше во 74.минута, а до крајот Морено, во 84.минута со гол од пенал, само го ублажи поразот на Боливија.

Перу во полуфиналето ќе се сретне со домаќинот на Копа Америка – Чиле. Втората полуфинална двојка ќе биде комплетирана по одигрувањето на четвртфиналните дуели помеѓу Аргентина и Колумбија, односно Бразил и Парагвај.