Хилари Клинтон е основач на Исламска држава

0
274

Републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп направи нови искази, кои предизвикаа бран негодување меѓу неговите сопствени сопартијци. Покрај противникот на претстојните избори во ноември Хилари Клинтон, милијардерот го нападна претседателот на Претставничкиот дом на Конгресот Пол Рајан и сенаторот Џон Мекејн, соопштија светските агенции.

Во говорот пред поддржувачите во Флорида, Доналд Трамп изјави дека неговата кампања никогаш не била толку обединета, но истакнатите позиции во неговата партија од последните денови зборуваат за нешто сосема друго. Конгресменот републиканец Ричард Хана и познатиот партиски донатор и шех на ХП, Мег Витман јавно најавија дека ќе ја поддржат Хилари Клинтон на изборите за сметка на Трамп, откако Витман го нарече Трамп „авторитарен лик“ и „закана за демократијата“.

Милијардерот го навлече гневот на повеќе републиканци, откако одби да ја поддржи кампањата на Пол Рајан и Џон Меккејн за нивен реизбор односно како конгресмен од сојузната држава Висконсин и сенатор на сојузната држава Аризона.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ја осуди американската надворешна политика додека неговата демократска ривалка Хилари Клинтон беше државен секретар. Тој оцени дека политиката на Клинтон на Блискиот Исток предизвика создавање на екстремистичката организација Исламска држава. „Тоа е поради Хилари Клинтон. Таа треба да добие награда од ИД како нејзин основач“, рече Трамп, додавајќи дека верува оти американскиот претседател Барак Обама жалел поради одлуката во неговиот прв кабинет да ја вклучи Хилари Клинтон.