Хит претставата Љубовници во Битола

0
621

Претставата „Љубовници“ по текст и во режија на Катерина Коцевска, чија што премиера беше минатата година премиерно на сцената на Драмскиот театар, ќе гостува во Центарот за култура на 11 -ти март.

Станува збор за современа, урбана љубовна приказна во која главните улоги ги толкуваат Билјана Беличанец-Алексиќ, Зоран Љутков, Драган Спасов-Дац и Маја Вељковиќ-Пановска.
Драмата „Љубовници“ е напишана во 2009 година и е современа, урбана љубовна приказна во чиишто ситуации и реплики ќе се пронајдат многумина. Приказната е за гинеколог, адвокат и за нивните сопруги.
Ова е втор текст што го напишала Коцевска во својата кариера. Првиот бил пред многу години, исто така поставен во Драмски, но тогаш не го потпишала со свое име, туку со псевдоним, кој бил акроним од нејзиното име и презиме. Претставата е од 2007 година „Нашиот непрежален“, во која таа настапува на сцената.

Претставата е на редовниот репертоар на Драмски и истата може да ја гледа само публика постара од 16 години.

Без коментари

LEAVE A REPLY