ХЈС Работник доведе засилувања за следната сезона

0
138

Амбициозниот битолскиот член на Првата лига, ХЈС Работник доведе две засилувања за следната сезона која ќе биде втора на клубот во професионалниот ракомет. Клубот кој го основаа и водат бившите репрезентативци Александар Зарков и Иван Марковски, денес потпиша договори со двајца ракометари кои доаѓаат од Ресен од екипата на Преспа.

potpis_rabotnik_1.jpg

Голманот Борче Ристевски и десниот бек Никола Мирков потпишаа договор на две години и ќе му помогнат на клубот идната сезона да заврши на врвот и можеби за прв пат да се промовира во суперлигаш. Исто така договорите со ХЈС Работник ги продолжија и Стефан Талевски, Христијан Талевски и Александар Петровски.