ХЈС Работник на Данаон Купот во Грција

0
215

Трета година по ред битолскиот клуб ХЈС Работник ќе учествува на еден од најсилните ракометни турнири за млади категории во соседна Грција „Данаон Куп„. Овој турнир кој своевремено се викаше „Диомидис Куп„ ќе ги соедини најдобрите македонски екипи, а од нашата земја ќе настапат само ХЈС Работник и Вардар. Во конкуренција на постари пионери родени 2000 година, ХЈС Работник ќе се најде во група со грчките екипи Филипос Верија и ОФНИ. „Ќе играме повторно на овој силен турнир од 6 до 11 јуни, а најголема придобивка е што младите ракометари во овој период ќе одиграат 8-10 меѓународни натпревари. Екипата е спремна за добар резултат, иако наша основна цел е да ги испробаат силите со противници, какви што не можеме да пронајдеме за да играме во нашата земја„ истакнуваат Иван Марковски и Александар Зарков, кои ќе ја водат екипата на „Данаон Купот„.