ХЈС Работник во Богданци ја „визира“ Супер лигата

0
618

Ракометарите на ХЈС Работник од Битола направија голем исчекор кон пласман во Супер лигата со вечерашната победа во дербито од Првата лига во Богданци против Младост со 26:31 (14:16). Екипата која ја водат Иван Марковски и Александар Зарков водеше од почетокот до крајот на мечот и со тоа завршија огромна работа на патот кон Супер лигата. Во победничката екипа од Битола се истакнаа Игор Илиевски, Влатко Тасевски и Дарио Петровски со по 7 гола, а кружниот напаѓач Трајковски даде 4 гола. Со само еден пораз младиот клуб ХЈС Работник со голема веројатност ќе биде екипата која ќе обезбеди директна промоција во Супер лигата на крајот од сезоната.