Хојт Ји и Хајндл во дипломатска офанзива

0
644

Дипломатскиот притисок за решавање на политичката криза ќе кулминира наредните три дена, кога во мисија во земјата ќе дојдат Хојт Ји, заменик-помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл. Иако ќе се најдат во ист тајминг во земјата, Ји и Хајндл ќе имаат одвоени средби со политичките партии, а нивната агенда се’ уште се дополнува. Како што се дознава, Хајндл треба да дојде во четврток, а Ји веќе од денес ќе биде во Македонија и утре ќе излезе со изјава пред новинарите.