Холандска новинарка приведена за „твит“ против Ердоган

0
425

Холандскиот весник „Метро“ соопшти дека негова новинарка била приведена во Турција на сослушување поради текст за претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој таа го објавила на „Твитер“.

Новинарката со турско потекло Ебру Умар била приведена во полициска станица во одморалиштето Кушадаси.

Во Турција се поведени околу две илјади случаи поради навреда на Ердоган.

Холандскиот амбасадор во Анкара бил повикан во Министерството за надворешни работи поради објавување карикатура на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во холандските весници, пишува весникот „Хуриет“.

Турското МНР изразило загриженост во врска со објавувањето на карикатурата.

Без коментари

LEAVE A REPLY