Хорор во Австрија: си ги убила мајката, братот и трите деца, па самата себе

0
528

Австриската полиција вчера во куќа во гратчето Бехејмкирхен нашла шест мртви члена на едно семејство. Обвинителот потврдил дека меѓу мртвите има три деца, на возраст од седум до десет години, пренесува германски Билд.

Австриските медиуми јавуваат дека 35-годишната ќерка со пиштол ги убила 59-годишната мајка и својот 40-годишен брат, како и трите деца – два сина стари девет и десет години и ќерка на возраст од седум години. На крајот се убила и себеси.

Според Билд, полицијата во моментов не сака да објави детали од злосторството. Истрагата е во тек, а телата на жртвите се испратени на обдукција.

Крвавиот настан наводно се случил пред три дена, но таа информација сѐ уште не е официјално потврдена. Убиените деца со денови не се појавувале на училиште.

Бехејмкирхен е мало гратче со околу 5.000 жители, северно од Санкт Пелтен. На својот официјален сајт гратчето се рекламира како „Место каде сите добро се чувствуваат“.

http://www.mkd.mk/