Хотелиерите бараат намалување на ДДВ за храната

0
385

Хотелиерите бараат намалување на ДДВ то на храната од 18 отсто на 5 отсто. Хотелската асоцијација на Македонија поднела барање со дваесеттина предлог мерки до Владата.

Меѓу другото, хотелиерите бараат измени во начинот на субвенционирање на туристите, олеснување како и намалување на нелојалната конкуренција со поактивно делување на инспекциските служби.
Целта на предлозите е подобрување на условите за вршење на хотелско угостителска дејност.