Хотелиерите се жалат дека работат на прагот на рентабилноста

0
785

Македонските хотелиери бараат субвенции, намалување на данокот на додадена вредност на храната во угостителските објекти од 18 на 5 отсто и измена на Правилникот за нивна категоризација. Тие, вчера, преку Стопанската комора на Македонија се пожалија на нелојална конкуренција која преку интернет-порталите за букирање им ја создавале хостели и пансиони кои не се категоризирани.

Туристичките работници се оптимисти дека годинава ќе биде подобра од лани, иако проблемите во секторот се’ уште не се решени. Минатата година Македонија ја посетиле 816.000 туристи од странство, што е пораст за речиси 11 проценти во однос на претходната година.

Без коментари

LEAVE A REPLY