Храбро го спасуваа Пелистер

0
2058

Веќе информиравме дека пожарот на Пелистер е изгаснат. Откако синоќа заврши интервенцијата на двата авиона, граѓани од Битола се организираа и заминаа горе да помогнат во спречување на ширење на пожарот кој се уште гореше, но беше под контрола.

Четириесетина доброволци преку здружението „За нас се работи“ и групата „Битола сака чист воздух“ се организираа заедно со планинари и пожарникари.

Откако го изгаснаа останаа да дежураат.

Исто така и членови на Оф Роад Клубот Пелистер се качија на Пелистер и цела ноќ се справуваа со огнената стихија.

Денеска битолчани преку социјалните мрежи со честитки и благодарност за акцијата со која помогнаа да се спаси Пелистер.

Без коментари