Храната и комуналиите најскапи за битолчани

0
624

За храна и комуналии граѓаните најмногу одвојувале од својот буџет. Велат дека одвај крај со крај сврзувале. Според статистиката просечната месечна исплатена плата по вработен, во јануари , изнесувала 22.254 денари, а 1 % од вработените во Македонија не зеле плата, соопшти ДЗС.

-Најскапа е храната и сметките за плаќање, посебно сметката за струја, вели граѓанин

-Најмногу трошам за храна, зошто мора да се јаде, вели граѓанин

Според извештајот на Државниот завод за статистика просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесувала 22.254 денари, или 361 евро. Ова е за 2 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани.Просечната исплатена бруто-плата е 32.642 денари. Во јануари годинава 1 отсто од вработените во Македонија не примиле плата, соопшти Државниот завод за статистика.Порастот на нето-плата се должи најмногу на зголемувањето на просечната плата во земјоделството, шумарството рибарството , кај административните и помошните услужни дејности и кај градежништвото .Намалување на просечната плата во однос на лани во декември има во секторите: стручни, научни и технички дејности, информации и комуникации и кај вработените во преработувачката индустрија .

Македонските граѓани од личната потрошувачка одвојуваат 43% за набавка на храна и безалкохолни пијалоци. За плаќање на сметки се трошат 17.4% од средствата, за облека и обувки 5.8%, а исто толку пари се даваат и за превоз и сообраќај. За останати стоки и услуги се трошат 4.6% од парите од домашниот буџет, за покуќнина, опрема за куќа и одржување се издвојуваат 4.5%, за рекреација и култура 4%, за комуникации 3.9%, за здравје исто толку. За цигари и алкохол 3.4%, исто колку и за ресторани и хотели. Најмалку пари се трошат за образование, и тоа 0.4%.

Бројките покажуваат дека 87.7% од граѓаните поседуваат мобилен телефон, 57% имаат компјутер, а автомобил имаат 52.1%.

Со оглед на претходната статистика останува отворено прашањето како македонецот успева со 22.254 просечна плата да го помине месецот?