Храната и нашето здравје

0
2167

Она што е најважно за долг живот е здравјето на човекот. Последниве години тренд е да се бараат разно разни начини за здрава исхрана, во време кога се соочуваме со многу еколошки проблеми и за кои често слушаме дека се причина за смртност. Денеска постојат многу здруженија и поединци кои преку совети им даваат услуги на јавноста како да бидат здрави.

-Да се јаде помалку сол , да се избегнуваат рафинирани шеќери, рафинирани масла. Да се избегнуваат мрсни производи, или производи како црвено месо, свинско или телешко, да се отстрани нивната консумација на два до три пати неделно би било оптимално за најдобро здравје, изјави м-р Катерина Шамбевска Се за храна

Под мотото Подобра исхрана подобар живот , битолчани ќе имаа можност да се информираат како да го заштитат своето здравје и да превенираат од разни болести .

– Денеска ќе зборуваме и за превентивнните мерки кои може да се превзмат за подобрување на здравјето, кои ги предизвикуваат во борба против денешните актуелни болести, за тие мерки важни се здравата исхрана и физичката активност, изјави Д-р Маја Ристанчевска Букашиновиќ

Краток осврт на темата даде и М-р Христина Ристевска. Таа посочи за важноста на физичката активност и подетално им објасни на присутните за значењето на редовното активирање на секој од нас. Посочи насоки, кој спорт се препорачува за одредени состојби и зошто е добро да вежбаати пешачат и лицата кои имаат медицински дијагнози, вклучително и депресија и слично.

Брзата храна прави дебели луѓе, а таа пак може да е и колатерална штета. Освен изгледот го доведува во прашање и здравјето на поединцот.

-Статистиката покажува дека 1/3 од децата во Македонија се делеби , односно имаат имаат прекумерна тежина а тоа му влијае врз развојот, а исто така може да доведе и до појава на кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, и други болести кои што се поврзани со неправилниот начин на исхрана, изјави м-р Марија Кочовска

Ако се има во предвид дека здрајето е најважно, организаторите со апел до граѓаните, да го заштитат своето здравје, да се хранат здраво и да бидат физички активни. Ако здравјето е избор тогаш изберете здрави навики.

-Ќе биде напоменато за здравата храна односно каква храна треба да се козумира за да го превенираме карциномот.Треба да козумираме храна богата со антиоксиданси како што се витаминот А, Б селенот, цинкот, витаминот Е , изјави м-р Ивона Здравкова

Здружението Се за храна постои повеќе од 5 години и со своите совети постојано е присутно на интернет порталот Се за храна.