Христијан Мицкоски се повлече од местото советник во Град Скопје

0
407

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека се повлекува од местото советник во Град Скопје и дека битката против власта ја продолжува во партијата како генерален секретар заедно со неговите сопартијци.

Мицкоски, обраќајќи се со „почитувани сограѓани, браќа и сестри“, на својот Фејсбук профил на пиша дека локалните избори биле најлошо организираните избори во демократска Македонија од осамостојувањето до денес, но, борбата против, како што вели, овој ужас ќе, и мора да продолжи, тоа и го должиме на татковината“.

„Сведоци бевме на најлошо организираните избори во демократска Македонија од осамостојувањето до денес. Притисоци, уцени, закани, поткуп, насилство, злоупотреба на државни ресурси за партиски цели и што ли уште не…, за жал не се свесни дека оваа рана што ќе ја остават позади себе многу тешко ќе зарасне ќе помине…, но борбата против овој ужас ќе, и мора да продолжи, тоа ѝ го должиме на татковината.

Почитувани браќа и сестри дозволете ми да Ве информирам дека денес се повлекувам од местото советник во градот Скопје. Ми беше чест и задоволство што ја предводев градската листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија. Сакам да Ви се заблагодарам Вам драги мои сограѓани што близу 100 илјади го дадовте гласот за листата која ја предводев на последните локални избори. Продолжуваме понатаму со нашата борба против она што ѝ го прави СДС на татковината и силно го тишти македонскиот граѓанин. Мојата битка против оваа власт продолжува во партијата/организацијата, како генерален секретар заедно со моите сопартици, и секако помеѓу клупите на Универзитетот“, напиша Мицкоски.

www.mkd.mk