Христина му кажа ДА на Димитар Андоновски

0
2176

Sequence 06_7

 Романтичната атмосфера на хуманитарниот концерт во Битола на Ламбе Алабаковски и Димитар Андоновски ја направи токму Димитар кога после изведбата на песната Разбуди ме на полноќ, ја побара својата девојка Христина Дамедулеска за жена.

Првите совети за брачниот живот пристигнуваат прво од Алабаковски со оглед на тоа што тој веќе две години е во брак со Магдалена, а Димитар истакна дека често си разменуваат совети и дека е вистинско богатство да се има пријател како Ламбе.

На овој романтичен настан, присуствуваше и градоначалникот на Битола Владимир Талески, кој им честиташе на младите.

Запросувањето се случи пред многубројните колеги, соработници, роднини кои им честитаа на Димитар и Христина, меѓу кои и актерот Петар Горко и музичарот Владимир Николиќ.

Ламбе и Димитар задоволни и од посетеноста на хуманитарниот концерт, од кој средствата ќе одат за лекување на битолчанецот Пеце Роговски.

Алабаковски и Андоновски, се едни од ретките на македонската музичка сцена кои освен што се другари , соработуваат и често организираат хуманитарни концерти, па важат за едни од најхуманите музичари во Македонија.

Тера телевизија се придружува кон честитките за Димитар и Христина.