Христо Татарчев доби Музеј во Ресен

0
1044

Со интонирање на македонската химна и со богата културна уметничка програма вчера во Ресен беа отворени вратите на Спомен куќата на Татарчеви . Ентериериерот на Спомен куќата на Татарчеви е амбиентално облагороден со оригинални предмети од куќата на Татарчеви од крајот на 19 и почеток на 20 век. Во куќата се изложени 8 восочни фигури, како и сликарски композиции кои бележат историски моменти, односно Ресенското советување на Македонската револуционерна организација-МРО во 1894 година и Ресенската чета на војводата Славејко Арсов. Во овој проект се вложени 30 милиони денари.

– Градот Ресен, но и Република Македонија добиваат еден нов културен дом во кој е содржана идејата да се претстават најзначајните личности од историјата на Македонската револуционерна историја кои се поврзани со животот и делото на Христо Татарчев, како и личности кои потекнуваат од овој крај и кои со своите интелектуални и дипломатски потенцијали ја одбележале балканската историја – посочи Канческа Милевска.

Меѓу посетители и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Минатата година имав чест да присуствувам на почнувањето на градбата, а еве денес сум на свеченото отворање на куќата со голем број автентични предмети, има одлична сценографија, уметниците и историчарите завршиле одлична работа и на задоволство на сите граѓани како и на поширокото семејство Татарчеви. Ова место во иднина ќе биде посетувано од многу луѓе кои ја познаваат историјата или кои што сакаат да се запознаат со историјата. Ова изборно ветување го ветивме пред граѓаните на Република Македонија бидејќи д-р Христо Татарчев беше значајна личност не само за Ресен, туку тоа е личност која има големо значење за сите граѓани, за целата држава и нација – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Спомен куќата опфаќа 280 квадратни метри, на приземје и кат, при што се работи за енергетски ефикасен објект со хортикултурно уредена околина.Со ова Ресен ќе биде уште една културно историска значајна одредница, но и и туристичка атракција, рече меѓу другото градоначалникот на Ресен

Лекарот Христо Татарчев (1869-1952) се родил токму во оваа куќа и во неа имал ординација, а нејзиното историско значење е во тоа што се смета дека таму во август 1894 бил одржан првиот конгрес на Внатрешната македонска револуционерна организација, формирана претходната 1893 година. Експонатите во музејската поставка се хронолошки поделени во три дела – предилинденскиот период, активностите на Татарчев во Илинденското востание и периодот по 1903 до неговата смрт во 1952