Хрониките на пустинското семе-прва книга на Марија Јовчевска

0
249

Хрониките на пустинското семе е насловот на книгата чиј автор е младата битолчанка -Марија Јовчевска.
За себе вели дека она што го научи во животот е оптимизмот заснован на мислата на Лец-цела надеж е во тоа дека освен законот на џунглата, веројатно постои и нејзино беззаконие.

Родена во 1998 година со пишување започнува од основно училиште па таа љубов кон пишаниот збор опстојува и се развива постојано.

Promocija_Na_Kniga_-_3.jpg

Хрониките на пустинското семе, е всушност прва книга на Марија, која младата но доста талентирана авторка ја пишува во период од 9 месеци.

Марија за себе вели дека е противник на квази морализмот и периферниот интелектуализам кој вознемирувачки делува врз летаргијата на лиричарите.Постмодернистички пристапува кон литературата.

Promocija_Na_Kniga_-_1.jpg

Таргет група на читатели е пред се младата популација .Хрониките на пустинскто семе, е збир на записи на една мудра млада личност.Во дел од прозните и стиховните записи, Јовчевска ги прередува коцкичките на веќе раскажаните истории, но истовремено создава светови концизно и уверливо, лични светови. Уметноста на авторката е со малку текст, со куси наративи, да се увери читателот во вистинитоста на нејзините светови.

Неда Маретиќ