Хрвати од Дуги Рат нагости во Новаци

0
186

Со цел продлабочување на соработката и размена на знаења и искуства , во тридневна посета на општина Новаци е хрватска делегација од збратимената општина Дуги рат. Во отсуство на градоначалникот, Лазар Котевски кој е во работна посета на Австралија, делегацијата ја пречекаа претставмици од администрацијата и од Советот на општината

„ Ние сме веќе две години во контакт кога се збратимивме, очекуваме продолжување на оваа соработка во смисла на заедничко аплицирање за европски фондови и грантови затоа што Хрватска е веќе членка на ЕУ. Дуги Рат е општина која се наоѓа на околу 20 км од Сплит. “ рече Пецо Мицевски, претседател на Совет на Општина Новаци.

Општините Новаци и Дуги Рат се збратимени од 2015 година и од тогаш се во постојан контакт.

„Засега соработката се однесува на меѓусебните посети. Договоривме следна посета на 19 март следната година кога имаме празник на општината па делегација од Новаци ќе ни биде драг гостин кај нас. Планираме сорабтката да ја прошириме на искористување на европските фондови , да правиме големи проети кои ќе бидат од големо значељње и за двете општини.“  рече Јерко Роглиќ, градоначалник на општина Дуги Рат, Хрватска.

„За прв пат сум во Македонија и сум пријатно изненаден од приемот. Се надевам дека и вие ваќа ќе бидете пречекани кога ќе дојдите кај нас следната година и ќе имате што да видите и кај нас. Ние сме општина која излегува на мореи се надеваме дека вашите граѓани ќе доаѓаат кај нас на одмор и дека соработката ќе продолжи и понатаму. “  рече советник во Советот на Општина Дуги Рат.

При последната посета на делегација од општина Новаци во Хрватска градоначалникот Котевски на неговиот колега му врачи признание за почесен граѓанин и благодарница за донацијата од 4500 евра за поплавите.Општина Новаци им врачи благодарница на  Советот како и на Бранко Маретик кој го направи првиот контакт и ги поврза овие две општини.

„Јас бев од делегацијата која беше во посета на Дуги Рат пред една година. Бевме пријатно изненадени односно бевме топло примени од нашите пријатели од збратимената општина “ рече Стевче Стевановски, советник во општина Новаци.

Хрватската делегација го посети и  училиштето Славко Лумбарковски“, Центарот за ран детски развој Бамби, Културно иновативниот клуб, РЕК и ЗК Пелагонија како и Манастирот Рождество на Пресвета Богородица.