Хрватите ги тераат бегалците да минуваат преку студена река

0
280

На прес конференција на словенечката влада беа кажани тешки обвинувања на сметка на хрватската полиција и власта. Словенците прикажаа снимки од термокамери од хеликоптер на кои се гледа како хрватска полиција ги тера бегалците да ја минуваат студената река Сутла.

„Ги пуштија неорганизирано да ја минуваат реката Сутла. Не ги упатија кон еден од мостовите, тоа со светлосни знаци го направија хеликоптерите на нашата полиција! Ги праќаат луѓето во несоодветна облека и обувки да ја минуваат студената Сутла, а нас нѐ обвинуваат дека сме неорганизирани. Постојано зборуваат дека се хумани, а фрлаат деца и старци во срмзнатата вода“, изјави државниот секретар на Словенија Боштјан Шефиц.

 Бегалците, меѓу кои имало жени и деца, ноќта во вторникот на хрватско-словенечката граница биле транспортирани со возови, и оставени во полињата за во Словенија да влезат пеш.

Без коментари

LEAVE A REPLY