Хрватите обвинуваат дека Србите палат

0
248

Голем број пожари има во Хрватска, и објавена е тревога за сите пожарникари во земјата, изјави главниот командир на пожарникарската служба на Хрватска, Славко Туцаковиќ.

Пожарот на планината Промина тешко дека ќе биде изгаснат, а на помош на пожарникарите им пристигнаа два канадера, два ер-трактора и 100 припадници на хрватската војска.

Началникот на Штабот за цивилна заштита на градот Дрниш, Томислав Џелалија вели дека пожарникари, локални жители, ловци и планинари успеале да го изгаснат пожарот во населеното место Лишњак, меѓутоа уште гори во местото Велушиќ.

Триесетина пожари избија вчера само во Задарската жупанија.

На  Фејсбук се појавија многу коментари за причините, при што во нив најчесто ги обвинуваа Србите.

Оваа година имаше повеќе од 200 пожари, а само за десет од нив се знае кој ги подметнал. За пожарот во Кистање се уапсени седум лица, од кои двајца се српски државјани.

faktor.mk

Без коментари