Хрватска доби нова влада

0
182

Хрватска во среда вечер ја доби новата Влада, 14-та по осамостојувањето. Саборот по целодневна расправа, со гласовите на мнозинството му искажа доверба на премиерот Андреј Пленковиќ(ХДЗ) и на неговите министри.
Од 139 присутни, за доверба на новата Влада гласаше 91 пратеник. Тројца беа воздржани, а 45 против.

Владата има 19 министерства, четворица потпретседатели, кои воедно се и министри.

Како клучни приоритети на Владата, премиерот Пленковиќ ги посочи стабилниот и постојан економски раст, создавање на нови и квалитетни работни места, запирање на иселувањето и демографска обнова, како и социјална праведност и солидарност. /крај/хн/ст